Папата потсети на бомбардирањето на Рим пред 70 години

Ватикан, 22.7.2013 /к.мк/- По повод седумдесет годишнината од жестокото бомбардирање на Рим, односно на квартот свети Лаврентиј, Светиот Отец во петок 19 јули упати порака до кардинал Валини, кој воедно е римски викар.

Духовно сум соединет со Вас, со заедницата на капуцините и со сите кои се собраа во базиликата свети Лаврентиј надвор од ѕидините во спомен на жестокото бомбардирање од 19 јули 1943 година, кое нанесе голема штета на базиликата, и на целиот кварт, како и на други делови од Вечниот град. На ова молитвена можност да се помолиме за сите загинати и за обнова на размислувањето за ужасот од војната како и знак на благодарност за грижливиот татко – пишува папата Фрањо, мислејќи на папата Пиј XII, кој во тие трагични моменти без колебање го посети овој кварт.

На крајот од пораката папата Фрањо посака сите да се потсетат на зборовите на папата Пиј XII: „Со мирот ништо не е загубено, а со војната може да биде загубено се“. Мирот е дар Божји, тој треба и денес да најде расположени срца за да се прифати и да бидат градители на помирувањето и мирот – завршува Светиот Отец, доверувајќи го квартот, посебно болните, старите и лицата со потешкотии, на мајчинскиот заговор на Блажена Девица Марија. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

Your e-mail address will not be published.
Required fields are marked*