Почит за Миланскиот едикт

Ватикан, 17.5.2013 /к.мк/ – Историската одлука, која „отвори нови патишта за Евангелието и придонесе за раѓањето на европската цивилизација”. Со овие зборови папата Фрањо го опишува Миланскиот едикт на императорот Константин со кој во Милано пред 1700 години се даде верска слобода на христијаните, со што се стави крај на прогонствата. Пораката е потпишана од Ватиканскиот државен секретар, кардинал Тарчизио Бертоне

За прославата на јубилејот во Милано пристигна Вселенскиот патријарх Вартоломеј I, кој беше примен од архиепископот на Милано, кардинал Анџело Скола. Обраќајки се на двајцата, Папата посакува „денес, како и во минатото, заедничкото сведоштво на христијаните од Истокот и Западот, поддржана од Духот на Воскреснатиот, да придонесе за ширење на спасителната порака во Европа и целиот свет. Преку визијата на граѓанските власти, нека се почитува правото на јавно исповедување на сопствената вера и да биде прифатен без предрасуди придонесот на христијанството, кое што продложува да допринесува на современото општество и култура.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<