Како законот за евтаназијата засекогаш ја промени Белгија

Брисел, 30.5.2013 /к.мк/ – Во 2002 година Белија стана втората држава во светот, веднаш после Холандија, која ја озакони евтаназијата. Во текот на следните 10 години Белгија стана жива лабараторија за радикалните општествени промени. Многу други земји го разгледуваат законот за легализирање на евтаназијата, па сега е добро време да застанеме и добро ги разгледаме резултатите. Таа година во Белгија на власт беше коалицијата на либералите и социјалдемократите. Таа коалиција успеа да го протне законот за евтаназија кој се темелеше на мислењето дека секое лице треба секогаш „слободно да избере“ дали сака да умре. Во апсолутирањето на личното право на самоопределување, левицата и десницата најдоа заедничка точка. Законот вели дека докторите можат да помогнат на пациентите да умрат кога тие слободно ќе изразат желба за смрт, бидејќи трпат преголеми болки. Пациентот мора да се консултира со независен лекар, а кај нетерминалните болести да помине психијатријски третман. Во праксата ова е неважно. Белгија е мала земја и лесно е да се најде лекари кои тоа ќе го извршат.

Минатата година на 45 годишни глуви идентични близнаци, кои не можеле да ја поднесат дека ќе ослепат, им е одборена евтаназијата. Лекарите им го одобрија нивното барање „бидејќи и онака нема зошто да живеат“. Докторот кој им ги дал смртоносните инекции рекол дека „тоа не е голема работа“. Во друг случај на 44 годишна жена која страдала од хронична анорексија ѝ е извршена евтаназија. Потоа на 64 годишна жена која страдала од хронична депресија ѝ е извршена евтаназија без знаење на нејзините роднини. Лекарите ги бранеле своите одлуки објаснувајќи дека тоа се екстремни и исклучителни случаи и легално се исполнети сите законски прописи. Евтаназијата од медицинска можност станува идеологија. Белгиските лекари дури се сигурни дека се хумани, бидејќи ги ослободуваат луѓето од маките. Некои одат подалеку и ја опишуваат евтаназијата како последен чин на самоодредување. Мислењето на семејството на болниот воопшто не важно. Лекарот може на мајката на семејството да ѝ даде смртоносна инекција, без да мора нешто да објаснува на нејзините децата. Евтаназијата се промовира како „прекрасен“ и позитивен начин на умирање. Лекарите пресадуваат органи од пациенти кои умираат за време на операција – велат дека така нивните животи ќе добијат смисла.

Законот може наскоро да дозволи евтаназија на деца и дементни лица. Од 2002 година противниците на законот се окарактеризирани како ригорозни и бездушни конзервативци кои го отфрлаат постмодерното, плуралистичкото и напредно општество како што е белгиското. Христијанските демократи се откажаа од традиционалните вредности и го подржуваат законот. Да се доведе во прашање е табутема, бидејќи може да се наруши апсолутното право на поединецот на одлука. Сѐ уште има значајни критичари на законот, покрај Католичката Црква. Белгискиот филозоф Херман Де Дижн ја опишува Белгија како „сентиментално општество“ во кое драстично се намалени традиционалните вредности и заменети со субјективни преференции. Сентименталното општество ги следи само оние етички вредности кои се поврзани со исполнувањето на индивидуалната среќа. Заедничките одговорности и моралните институции се отфрлаат во остварувањето на лична благосостјоба, меѓузависноста и поврзаноста. Де Дижн смета дека ова сржта на преоблемот. Човечкото битие не е збир на индивидуални чувства, мислења и афинитети, туку дел од вид, член на човештвото, витална алка во моралната екологија каде секој човек има единствена вредност. Подржувачите на евтаназијата ја отфраат критика. Нивната идеологија за апсолутно самоодредување стана толку силна што почна да се обликува во теологија, квазирелигиозен фанатизам. Сите живи суштества се поврзани, посебно ние луѓето. Работа на политичарите е да ја штитат таа поврзаност. „Кога ќе се изгуби чувството дека секој од нас е поврзан со другиот, ќе завршиме со убивање на секој кој е товар на општеството. Во еден момент сите ќе бидеме товар. Во денешна Белгија, сите сме изложени на тој ризик“, вели Де Дижн. (Си.М.)

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<