Италијанците му веруваат на Папата и уште посилно на Црквата

Ватикан, 21.6.2013 /к.мк/ –  Според една анкета 85 % од Италијанците имаат доверба во папата Фрањо. Како што соопшти во среда „Ватикан инсајдер“, а се повика на една анкета направена од институтот Демополис, помеѓу католиците дури 96 % имаат доверба во Папата. Според оваа анкета Папата откако е избран за петров наследник на 13 март има дури 65 % поддршка од оние Италијанци кои не се католици односно не се религиозни. Кај женската популација оваа поддршка изнесува 87 %.

Три четвртини од испитаниците според анкетата изразија пофалби за спонтаноста на Светиот Отец. На седум од десет испитаници им се допаднала неговата едноставност и неговата блискост со луѓето. Околу две третини ја потенцирале неговата ангажираност за сиромашните и слабите. Како досега највпечатливи гестови биле истакнати средбата со неговиот претходник Бенедикт XVI и миењето на нозете на младите затвореници на Велики Четврток.

Од популарноста на папата Фрањо очигледно е дека се зголемува угледот на Католичката Црква во Италија. Според анкетата 63 % од испитаници изјавиле дека имаат доверба во неа; во јануари процентот на доверба изнесувал 15 % помалку. Според извештајот на анкетата тројца од четвори Италијанци се убедени, дека папата Фрањо ќе допринесе за обнова на христијанството.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<