Започна Големата мисија на плоштадот во Струмица

Струмица, 13.5.2013 /к.мк/ – Во недела 12 мај со почеток во 16.00 часот на плоштадот „Гоце Делчев” во Струмица започна најавената Голема мисија на Неокатекуменските заедници. На плоштадот се собраа стотина заинтересирани слушатели. Мисијата започна со заедничка молитва, пеејќи псалми и духовни песни.

На присутните преку катехеза им се навести љубовта Божја према секој човек. Бог ги љуби сите луѓе и оние најотфрлените. Господ Исус Христос затоа дојде на земјата, да ги земе сите наши гревови врз себе. Тој пострада за нас за да ние не пострадаме, за да ние не отидеме во пеколот. Исус умре заради нас и нашите греови. На плоштадот Гоце Делчев во Струмица на присутните им беше навестена најрадосната вест во историјата на човештвото: Исус воскресна. Христос воскресе. Тој е жив. Ако тој е жив за нас нема друга порадосна вест, зашто смрта е победена. Сите ние имаме од Исус живот вечен.

Собирот заврши со благослов од парохот отец Георги Трајков. Наредната недела продолжува Големата мисија на плоштадот.

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

Your e-mail address will not be published.
Required fields are marked*