Епископи од Англија и Велс се сретнаа со Папата

Ватикан, 19.4.2013 /к.мк/ – Овие денови група епископи од Англија и Велс се наоѓаат на духовни вежби во Рим. Во средата Светиот Отец ги прими кратко пред да започне Генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар. За своите впечатоци од средбата со Светиот Отец за Радио Ватикан говореше претседателот на Епископската конференција на Англија и Велс и веднаш истакна дека срдечноста на Папата и едноставноста донесуваат нова надеж за Црквата. Токму инсистирањето на папата за Божјото простување е поттик и за нас во духовните вежби да се сретнеме во самите себе и со малку убавите работи и тоа тоа да го упатиме на Божјото милосрдие за да можеме великодушно да му служиме на Божјиот народ, истакна Винцент Нихолс.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

Your e-mail address will not be published.
Required fields are marked*